Поранешниот претседател на САД, Барак Обама, го изненади принцот Хари, кога му се придружи на претпоследниот ден од Спортските игри на воени ветерани, што се одржуваат во Торонто.
Двајцата ги посетија американските кошаркари во инвалидски колички непосредно пред средбата со Франција, по што ја продолжија дружбата и на трибините. Таму ги дружеа и бившиот потпретседател Џо Бајден и неговата сопруга Џил. Американците го добија мечот со 26:8.
Кошарка во инвалидски колички како спорт се појави по Втората светска војна во Англија и денес има свое светско првенство и е дел од Параолимписките игри.
Принцот Хари ги востанови Игрите во 2014 година, а ова издание го отвори заедно со првата дама на САД, Меланија Трамп, но уште поголемо внимание привлече неговата девојка, актерката Меган Маркл, со која првпат се појави на еден јавен настан.