ОДБОЈКАРИТЕ НА ШТИП-УГД ПРВПАТ СТАНАА ШАМПИОНИ НА МАКЕДОНИЈА

    ОДБОЈКАРИТЕ НА ШТИП-УГД ПРВПАТ СТАНАА ШАМПИОНИ НА МАКЕДОНИЈАШтипјани се закитија со двојна круна сезонава (Фото: СДК.МК)

    Финалето на плеј-офот во домашното одбојкарско првенство му припадна на Штип-УГД, кој првпат стана шампион на Македонија. Вицешампиони се одбојкарите на Борец од Велес, откако штипјани остварија максимална победа од 3:0 во сетови (25:18, 25:18, 25:16), со што им го нанесоа третиот пораз во финалето од плеј-офот.

    Пред една недела, нешто слично се случи и во финалето на Купот, во кое Штип-УГД исто така го совлада Борец. Со ова, првата шампионска титула на штипјани прерасна во двојна круна и им дава можност за настап и во европските натпреварувања.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира