ОДБОЈКАРИТЕ ПРЕД ПЛАСМАН ВО ОСМИНАФИНАЛЕТО НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ОТКАКО ГО ПОБЕДИЈА ДОМАЌИНОТ СЛОВЕНИЈА

    ОДБОЈКАРИТЕ ПРЕД ПЛАСМАН ВО ОСМИНАФИНАЛЕТО НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ОТКАКО ГО ПОБЕДИЈА ДОМАЌИНОТ СЛОВЕНИЈАСтартуваа со три порази, па го изненадија европскиот вицепрвак Словенија. - Никола Ѓоргиев

    Македонската одбојкарска репрезентација приреди големо изненадување откако го совлада домаќинот Словенија во петтото коло на Европското првенство.

    Македонија славеше над европскиот вицепрвак со 3:1 во сетови (26:24, 30:28, 19:25, 26:24), со што ѝ се отвораат вратите за пласман во осминафиналето на својот прв настап на европските првенства.

    Ова е втора победа за македонските одбојкари на првенството, откако стартуваа со порази од Финска, Турција и Русија, за потоа да ја совладаат Белорусија со 3:1 во сетови.

    Македонија со ова ги заврши настапите во Ц-групата, па за пласман во следната рунда ќе мора да ги почека резултатите од преостанатите три средби, првенствено на Турција, која се среќава со Белорусија (вечерва) и Финска (утре).

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира