ОХРИД ДОБИВА НОВА АТРАКЦИЈА – МАРАТОН НИЗ ГАЛИЧИЦА

    ОХРИД ДОБИВА НОВА АТРАКЦИЈА – МАРАТОН НИЗ ГАЛИЧИЦАОрганизаторите најавија дека трката ќе се одржи на 25 мај (Фото: СДК.МК)

    Спортисти-љубители на природата од Охрид најавија дека ќе организираат маратон преку планината Галичица. Настанот под името „Охрид треил“ ќе се одржи на 25 мај, а пријавата за учество ќе може да се поднесе од 1 февруари.

    „Ве уверувам дека и овој настан ќе биде атракција како ‘Охрид трчат‘ и ќе прерасне во традиција. ‘Охрид треил‘ ќе го збогати спортското портфолио на градот”, рече в. д. градоначалникот Константин Георгиески.

    „Охрид треил“ ќе биде трка во планинско трчање и ќе се одвива низ националниот парк „Галичица“. Предвидени се две трки, во должина од 60 и 35 километри, кои ќе финишираат на Градски плоштад.

    „Како што ‘Охрид трчат‘ го популаризира централното градско подрачје, заедно со стариот дел на градот, а триатлонот езерото со крајбрежјето, овој настан ги популаризира Галичица и целото богатство што го има таму”, кажа Иван Цветкоски од Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите – сите за спорт“.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира