„ОХРИД ТРЧАТ” ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА КРАЈОТ НА АВГУСТ, ЗА УЧЕСНИЦИТЕ ЌЕ ИМА БЕСПЛАТНО КАПЕЊЕ ВО ЕЗЕРОТО

    „ОХРИД ТРЧАТ” ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА КРАЈОТ НА АВГУСТ, ЗА УЧЕСНИЦИТЕ ЌЕ ИМА БЕСПЛАТНО КАПЕЊЕ ВО ЕЗЕРОТОНајдобрите од ланското издание на „Охрид трчаТ“ (Фото: Фејсбук)

    „Охрид трчаТ”, најголемата атлетска манифестација во Охрид, годинава наместо јуни, ќе се одржи на крајот на август. Организаторите им порачаа на учесниците дека ќе имаат и бесплатно капење во Охридското Езеро.

    „Како што најавивме порано, поради општопознатите причини (КОВИД-19) ја одложуваме ‘Охрид трчаТ 2020” и ја презакажуваме за последниот викенд во август, 28-30. Одлуката за промена воопшто не беше лесна и искрено се надеваме дека успеавме да понудиме опција што е прифатлива за сите учесници”, соопштија организаторите.

    Што се однесува до сите регистрирани тркачи досега, тие во следните 24 часа ќе бидат известени преку електронска пошта.

    „Земете костим за капење! Оваа година имате гратис капење од нас”, се пошегуваа од „Охрид трчаТ“.

    Д. ЧУБРИЌ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари