ОХРИДСКИ АТЛЕТСКИ МАРАТОН ЗГАСНУВА, НЕМАМ МОЖНОСТИ САМ ДА ГО ФИНАНСИРАМ, ВЕЛИ ОРГАНИЗАТОРОТ ПЕЦО НЕДАНОВ

    ОХРИДСКИ АТЛЕТСКИ МАРАТОН ЗГАСНУВА, НЕМАМ МОЖНОСТИ САМ ДА ГО ФИНАНСИРАМ, ВЕЛИ ОРГАНИЗАТОРОТ ПЕЦО НЕДАНОВПецо Неданов (десно) со најдобрите тркачи од последното. 33 издание на маратонот (Фото: СДК.МК)

    Охридски атлетски маратон згаснува. Нема средства, ниту разбирања за оваа голема спортска манифестација, по која Охрид стана познат меѓу атлетичарите. За последниот маратон најголем дел од трошоците ги покри Пецо Неданов, претседател на Здружението што го организираше маратонот.

    „Со големо жалење морам да ги известам сите љубители на маратонското трчање дека меѓународниот Охридски атлетски маратон нема да се одржи во 2020 година. Со години наназад се боревме да ја продолжиме традицијата долга повеќе од 30 години. Во 2020 требаше да биде 34. издание, но нашата желба упорно да ја продолжуваме традицијата и покрај минусните салда што ги правеше маратонот, некои ја сфаќаа погрешно, во смисла дека ние само гледаме наш интерес”, напиша Пецо Неданов на Фејсбук.

    За годинашното издание Неданов бил принуден лично да покрие поголем дел од трошоците. Тој вели дека не е во состојба да го прави тоа повторно.

    „Испративме дописи до одговорните институции и поставивме конкретни прашања со колку средства планираат да помогнат за наредното, 34. издание, но никој ништо не одговори. Затоа дефинитивно ова е крај на оваа традиција. Ова е маратонот на нашата младост, на првите членови на АК Охрид и секако дека има многу големо значење за нас, но без поддршка од институциите мора да згасне”, вели Неданов.

    Д. ЧУБРИЌ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира