ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО ТОКИО ОДЛОЖЕНИ ЗА ЕДНА ГОДИНА

    ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО ТОКИО ОДЛОЖЕНИ ЗА ЕДНА ГОДИНАИгрите требаше да почнат на 24 јули (Фото: ЕПА)

    Олимписките и Параолимписките игри во Токио ќе бидат одложени за една година, се согласија организаторите.

    Тие требаше да почнат на 24 јули, но изминатиов период сè погласни беа повиците на светската јавност да бидат одложени поради пандемијата на коронавирусот, која ги затвори границите и го парализираше светот.

    Јапонскиот премиер Шинзо Абе денеска потврди дека Игрите ќе бидат одложени.

    „Предложив одложување на Олимпијадата за една година и претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах се согласи без двоумење“, изјави Абе.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари