ОТКАЗ ЗА СОЛАРИ, ЗИДАН СЕ ВРАТИ НА КЛУПАТА НА РЕАЛ МАДРИД

    ОТКАЗ ЗА СОЛАРИ, ЗИДАН СЕ ВРАТИ НА КЛУПАТА НА РЕАЛ МАДРИДЗинедин Зидан потпиша договор на три и пол сезони (Фото: Шатерсток)

    Зинедин Зидан по девет месеци се враќа на клупата на Реал Мадрид.

    „Кралскиот клуб“ го разреши досегашниот тренер Сантјаго Солари и потпиша три и полгодишен договор со француската фудбалска легенда.

    „Бордот на директори денеска одлучи да го раскине договорот со тренерот на првиот тим Сантјаго Солари и на негово место го назначи Зинедин Зидан. Тој ќе ја води екипата до крајот на сезоната и во наредните три“, објави Реал Мадрид.

    Под изговор дека на клубот му треба свежа крв, Зидан изненадувачки ја напушти клупата на Реал на крајот на минатата сезона, по три едноподруго освоени титули во Лигата на шампионите. Него го наследи бившиот селектор на Шпанија Хулен Лопетеги, но тој издржа само четири и пол месеци на функцијата, по што од резервниот тим дојде Солари. Со него неодамна беше потпишан договор до 2021 година, но не ја преживеа понижувачката елиминација од Ајакс во осминафиналето на Лигата на шампионите.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари