ОТКАЖАНИ НАТПРЕВАРИ ОД СЕРИЈА А ПОРАДИ ШИРЕЊЕТО НА КОРОНАВИРУСОТ ВО ИТАЛИЈА

    ОТКАЖАНИ НАТПРЕВАРИ ОД СЕРИЈА А ПОРАДИ ШИРЕЊЕТО НА КОРОНАВИРУСОТ ВО ИТАЛИЈАДесетици градови на северот на земјата се ставени во карантин (Фото: ЕПА)

    Неколку денешни натпревари од италијанското фудбалско првенство се откажани поради наглото ширење на коронавирусот на северот на земјата. Суспензијата на дел од фудбалските мечеви ја објави премиерот Џузепе Конте.

    „Суспендирани се сите спортски настани што денеска требаше да се одржат во регионите Ломбардија и Венето“, изјави Конте.

    Интер потврди дека е откажан неговиот натпревар со Сампдорија на „Сан Сиро“ во Милано, а нема да се играат ни мечевите Верона-Калјари и Аталанта-Сасуоло. Одложени се и голем број мечеви од другите лиги.

    Италија воведе вонредни мерки откако бројката на заразени од коронавирусот порасна на 79, а две лица починаа. Според планот, десетици градови на северот на земјата се ставени во карантин, што опфати околу 50.000 луѓе, на кои им е советувано да не излегуваат од дома.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира