ОТВОРЕНА ИСТРАГА ЗА СМРТТА НА МАРАДОНА, ПОЛИЦИЈАТА ГИ ПРЕТРЕСЕ ДОМОТ И КЛИНИКАТА НА НЕГОВИОТ ЛЕКАР

    ОТВОРЕНА ИСТРАГА ЗА СМРТТА НА МАРАДОНА, ПОЛИЦИЈАТА ГИ ПРЕТРЕСЕ ДОМОТ И КЛИНИКАТА НА НЕГОВИОТ ЛЕКАРМарадона почина од срцев удар во средата и истрагата ќе утврдува дали имало небрежност во неговото лекување (Фото: Ѓ. Личовски)

    Аргентинските обвинители покренаа истрага за смртта на Диего Армандо Марадона и извршија претрес во куќата и клиниката на неговиот лекар Леополдо Луке. Тие се обидуваат да утврдат дали имало небрежност во лекувањето на еден од најголемите фудбалери на сите времиња, кој почина од срцев удар во својот дом во средата.

    Смртта на Марадона уследи само две недели откако имаше успешна операција на тромб во мозокот, додека истовремено се лекуваше од зависноста од алкохол. Неговите ќерки побараа да дознаат какви лекови користел.

    Адвокатот на Марадона, Матијас Морија, изјави дека ќе побара целосна истрага за околностите на неговата смрт, укажувајќи на бавната реакција на итната служба.

    „На амбулантното возило му требаше повеќе од половина час да стигне во неговиот дом, што е криминално идиотски“, кажа Морија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира