ПАНДЕВ Е НАЈДОБРИОТ МАКЕДОНСКИ ФУДБАЛЕР, МОЖЕ ДА ДОЈДЕ ВО СКОПЈЕ САМО ЗА НАТПРЕВАРОТ, КАЖА МУРИЊО ЗА СВОЈОТ БИВШ ИГРАЧ

    ПАНДЕВ Е НАЈДОБРИОТ МАКЕДОНСКИ ФУДБАЛЕР, МОЖЕ ДА ДОЈДЕ ВО СКОПЈЕ САМО ЗА НАТПРЕВАРОТ, КАЖА МУРИЊО ЗА СВОЈОТ БИВШ ИГРАЧФудбалерот на Џенова Горан Пандев на 21 март беше промовиран во амбасадор на УЕФА Суперкупот, но поради клупски обврски не може да присуствува на утрешниот меч на „Филип Втори“. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Тренерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо е разочаран што Горан Пандев не доби дозвола од неговиот клуб Џенова да допатува во Скопје за Суперкупот на УЕФА, но се надева дека се уште има можност со приватен авион да дојде на неколку часа за да го гледа утрешниот натпревар меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.

    „Горан Пандев е веројатно најдобриот играч во историјата на Македонија. Тој може да дојде на неколку часа само за натпреварот, но тоа зависи од Џенова“, изјави Мурињо на прес-конференцијата во Скопје.

    Горан Пандев и Жозе Мурињо соработуваа во Интер, со кого ја освоија титулата во Лигата на шампиони во 2010 година.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира