ПАНДЕВ ПРОТИВ ЛЕТОНИЈА ГО ОДИГРА ЈУБИЛЕЈНИОТ 100. МЕЧ ЗА МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

    ПАНДЕВ ПРОТИВ ЛЕТОНИЈА ГО ОДИГРА ЈУБИЛЕЈНИОТ 100. МЕЧ ЗА МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА35-годишниот Пандев дебитираше за македонската репрезентација во 2001 година на гостувањето во Бурса против Турција. (Фото: Ѓ. Личовски)

    На натпреварот против Летонија, Горан Пандев стана само вториот македонски фудбалер со 100 настапи за репрезентацијата. Пред мечот на „Филип Втори“ во Скопје, прв од квалификациите за Европското првенство 2020, Пандев доби подароци и признанија од ФФМ и УЕФА. Пред Пандев, до бројката од 100 настапи за националниот тим стигна Гоце Седлоски.

    35-годишниот Пандев дебитираше за македонската репрезентација во 2001 година на гостувањето во Бурса против Турција. Оттогаш, тој постигна 33 гола за националниот тим.

    На дуелот против Летонија, Пандев намести два гола во победата од 3:1 и беше заменет во 71. минута.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари