ОДАМНА СЕ ЧУВСТВУВАМ КАКО ИТАЛИЈАНЕЦ, КАЖА ПАНДЕВ ОТКАКО ДОБИ ИТАЛИЈАНСКО ДРЖАВЈАНСТВО 18 ГОДИНИ ПО ПРИСТИГНУВАЊЕТО ВО СЕРИЈА А

    ОДАМНА СЕ ЧУВСТВУВАМ КАКО ИТАЛИЈАНЕЦ, КАЖА ПАНДЕВ ОТКАКО ДОБИ ИТАЛИЈАНСКО ДРЖАВЈАНСТВО 18 ГОДИНИ ПО ПРИСТИГНУВАЊЕТО ВО СЕРИЈА АПандев ги потпиша потребните документи во просториите на општина Неапол (Фото: Твитер)

    Осумнаесет години откако пристигна во Серија А, Горан Пандев конечно доби италијанско државјанство.

    Најдобриот стрелец на македонската репрезентација ги потпиша потребните документи во просториите на општина Неапол, со што и официјално стана државјанин на Италија.

    „Пресреќен сум. Речиси 18 години играм во Италија и одамна се чувствувам како Италијанец. Ви благодарам на сите, ова е прекрасен момент за мене“, изјави Пандев.

    Пандев ја напушти Беласица уште како тинејџер и потпиша за Интер во 2001 година, која потоа го позајмуваше на Специја и Анкона. Неговата кариера се вивна кога во 2004 се пресели во Лацио, каде што за пет сезони постигна 48 голови во Серија А, за потоа да се врати во Интер и под водство на Жозе Мурињо ја освои Лигата на шампионите. По Наполи и кратката, неуспешна епизода во Турција, тој настапува за Џенова од 2015 година. Севкупно, Пандев има постигнато 84 голови во Серија А.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира