ПЕТ ДЕНА ПЛАНИНАРЕЊЕ СО СОПРУГАТА МИ ЈА СМЕНИЈА СЕЗОНАТА, КАЖА ЃОКОВИЌ ПО ТРИУМФОТ НА ЈУ-ЕС ОПЕН

    ПЕТ ДЕНА ПЛАНИНАРЕЊЕ СО СОПРУГАТА МИ ЈА СМЕНИЈА СЕЗОНАТА, КАЖА ЃОКОВИЌ ПО ТРИУМФОТ НА ЈУ-ЕС ОПЕНСо триумфот на Ју-Ес Опен, 31-годишниот Ѓоковиќ се израмни со Американецот Пит Сампрас на 14 гренд слем титули. (Фото: АП)

    Новак Ѓоковиќ вели дека петте дена на планина со неговата сопруга Јелена му ја трансформирале сезоната и му помогнале да освои два гренд слема по ред. Српскиот тенисер ноќеска триумфираше во финалето на Ју-Ес Опен против Хуан Мартин дел Потро со 6:3, 7:6, 6:3, а претходно победи и на Вимблдон.

    По изненадувачкиот пораз од аутсајдерот Марко Чекинато во четврт-финалето на Ролан Гарос во јуни, Ѓоковиќ се искачи на врвот на Мон Сен-Виктор на југот на Франција.

    „Седнавме и го гледавме светот од таа перспектива. Тоа ми донесе нова инспирација, нова мотивација. Размислував за тенисот, размислував за чувствата што ги предизвикува во мене тенисот. Беше многу позитивно. Почувствувам дека имам повторно желба за овој спорт. Останатото е историја во поглед на резултатите. Играв финале на Квинс, го освоив Вимблдон, го освоив Синсинати и го освоив Ју-Ес Опен. Изгледа дека пак ќе одам на планинарeње наскоро“, изјави Ѓоковиќ по победата во Њујорк.

    Со триумфот на Ју-Ес Опен, 31-годишниот Ѓоковиќ се израмни со Американецот Пит Сампрас на 14 гренд слем титули. Само Роџер Федерер (20) и Рафаел Надал (17) имаат повеќе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира