ПОЧИНА БОГДАН МАКОВЕЈ, РОМАНСКИОТ ТРЕНЕР СО КОЈ ПОЧНА ПОДЕМОТ НА МАКЕДОНСКИОТ ЖЕНСКИ РАКОМЕТ

    ПОЧИНА БОГДАН МАКОВЕЈ, РОМАНСКИОТ ТРЕНЕР СО КОЈ ПОЧНА ПОДЕМОТ НА МАКЕДОНСКИОТ ЖЕНСКИ РАКОМЕТМаковеј ја предводеше Македонија до седмото место на Светското првенство во 1997

    Богдан Маковеј, легендарниот романски тренер за кого се врзуваат првите големи успеси на македонскиот женски ракомет, почина на 67 години.

    „Маковеј сите го познаваа како Профу, зашто предводеше генерации и генерации играчи. Тој целата своја кариера ја посвети на ракометот“, објави Романската ракометна федерација.

    Маковеј пристигна во македонскиот ракомет преку Кометал Ѓорче Петров, со кого во сезоната 1997/98 дојде до четвртфиналето на Купот на европските шампиони. Паралелно работеше како селектор на женската ракометна репрезентација, со која приреди мало чудо на Светското првенство во Германија во 1997 година. Македонија заврши на седмото место, проследено со историската победа над тогашната суперсила Данска, а Индира Кастратовиќ на крајот беше најдобар стрелец.

    Во Македонија се врати неколку години подоцна и го предводеше Пелистер до финалето на Челинџ купот во 2002 година.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира