ПОЧИНА ПЛИВАЧКИОТ ТРЕНЕР ДИМИТРИЈА ПОПОВСКИ-ШКИПЕР

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОЧИНА ПЛИВАЧКИОТ ТРЕНЕР ДИМИТРИЈА ПОПОВСКИ-ШКИПЕР

    Денеска во Скопје, по кусо и тешко боледување на 76 години почина Димитрија Поповски – Шкипер, еден од најистакнатите тренери во македонското пливање.

    Шкипер беше тренер на нашите најдобри пливачи, како Наташа Мешкоска, Александар Миладиновски, Александар Маленко и Весна Стојановска, со кои учествуваше на четири Олимпијади од 1992 до 2004 година.

    Тој  беше и последен селектор на југословенската пливачка репрезентација, а работеше и како Декан на Факултетот за спорт и физичка култура. Беше истакнат член на Македонскиот олимписки комитет, а претходно и пратеник во Собранието на Македонија.

    Ќе биде погребан во понеделник на Градските гробишта во Бутел, во 11 часот.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари