ПОЧИНА СЛАВНИОТ ХОЛАНДСКИ ФУДБАЛЕР ЈОХАН НЕСКЕНС

ПОЧИНА СЛАВНИОТ ХОЛАНДСКИ ФУДБАЛЕР ЈОХАН НЕСКЕНСНескенс одигра 49 натпревари за Холандија, со која изгуби во финалето на светските првенства во 1974 и 1978 (Фото: Шатерсток)

Легендарниот холандски фудбалер Јохан Нескенс почина на 73 години, објави Холандската фудбалска федерација. Играчот од средниот ред беше дел од славната генерација на Ајакс и на холандската репрезентација која го промовираше „тоталниот фудбал“ во 1970-тите.

Нескенс одигра 49 натпревари за Холандија, со која изгуби во финалето на светските првенства во 1974 и 1978. Во исто време, освои три европски титули со Ајакс и две во домашното првенство.

Нескенс помина и пет сезони во Барселона, со која славеше во Купот на победниците на куповите, а потоа и шест години во Њујорк Космос.

Откако ја заврши играчката кариера во 1991, Нескенс водеше повеќе клубови како тренер и беше дел од стручниот штаб на холандската репрезентација од 1995 до 2000.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира