Светското првенство во Катар ќе помине без Македонија. Во финалето на плеј-офот во Порто, македонската репрезентација изгуби од Португалија со 2:0 откако немаше сили за уште една сензација, како против европскиот првак Италија во четвртокот. Стрелец на двата гола беше Бруно Фернандеш.
Португалија доминираше на теренот и ја контролираше играта, но повторно немаше опсада на голот на Димитриевски. Домаќините ги постигнаа головите од полуконтри, првиот во 32. минута по една грешка на македонскиот тим на средината на теренот.
Водството го удвоија во 65. минута по извонредната асистенција на Диого Жота до Бруно Фернандеш. Во продолжението од мечот, Македонија не играше со доволно ризик за да се обиде да го промени резултатот и ја испушти историската шанса за првпат да заигра на едно светско првенство.