Кошаркарскиот натпревар меѓу Работнички и МЗТ Скопје во салата „Градски парк“ беше прекинат во третата четвртина при водство на домашниот тим од 62:50 поради фрлените предмети на теренот, плукањето и влетувањето на теренот од страна на навивачите
Мечот ќе продолжи утре во 18 часот без публика, но од Македонската кошаркарска федерација (МКФ) најавија ревизија на салата, по што ќе донесат одлука дали ќе продолжи да се игра кошарка во „Градски парк“.
„Ќе бараме посебна одговорност од домаќинот и организатор на овој натпревар за недоволниот број редари и за организациските пропусти, но и сите заедно ќе мора поактивно во иднина да работиме на отстранувањето на хулиганството и на неспортското навивање од спортските терени. Салата ќе биде на ревизија и дополнително ќе донесеме одлука дали ќе се продолжи да се игра кошарка во ’Градски парк‘“, изјави спортскиот директор на МКФ Владимир Темелковски.