ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА СЕ ИГРА КОШАРКА ВО „ГРАДСКИ ПАРК“, ВЕЛАТ ОД КОШАРКАРСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА ПО ПРЕКИНОТ НА РАБОТНИЧКИ-МЗТ

    ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА СЕ ИГРА КОШАРКА ВО „ГРАДСКИ ПАРК“, ВЕЛАТ ОД КОШАРКАРСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА ПО ПРЕКИНОТ НА РАБОТНИЧКИ-МЗТМечот ќе продолжи утре во 18 часот без публика. - Навивачките групи на Работнички и МЗТ Скопје на денешниот натпревар (Фото: СДК.МК)

    Кошаркарскиот натпревар меѓу Работнички и МЗТ Скопје во салата „Градски парк“ беше прекинат во третата четвртина при водство на домашниот тим од 62:50 поради фрлените предмети на теренот, плукањето и влетувањето на теренот од страна на навивачите

    Мечот ќе продолжи утре во 18 часот без публика, но од Македонската кошаркарска федерација (МКФ) најавија ревизија на салата, по што ќе донесат одлука дали ќе продолжи да се игра кошарка во „Градски парк“.

    „Ќе бараме посебна одговорност од домаќинот и организатор на овој натпревар за недоволниот број редари и за организациските пропусти, но и сите заедно ќе мора поактивно во иднина да работиме на отстранувањето на хулиганството и на неспортското навивање од спортските терени. Салата ќе биде на ревизија и дополнително ќе донесеме одлука дали ќе се продолжи да се игра кошарка во ’Градски парк‘“, изјави спортскиот директор на МКФ Владимир Темелковски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира