РАКОМЕТАРИТЕ БЕЗ ПОВРЕДЕНИОТ ЛАЗАРОВ ПОРАЗЕНИ ОД СЛОВЕНИЈА НА СТАРТОТ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО

    РАКОМЕТАРИТЕ БЕЗ ПОВРЕДЕНИОТ ЛАЗАРОВ ПОРАЗЕНИ ОД СЛОВЕНИЈА НА СТАРТОТ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВОПодмладениот тим на Македонија одлично му парираше на фаворизираниот противник. - Филип Кузмановски (Фото: СДК.МК)

    Машката ракометна репрезентација со пораз од Словенија го почна настапот на Европското првенство во Унгарија и Словачка, кое претставува и почеток на нова ера за македонскиот машки ракомет.

    Македонија загуби од Словенија со 27:25, што уследи откако стана јасно дека Кире Лазаров нема да може да игра на првенството, туку ќе биде само во улогата на селектор. Лазаров, за кого ова првенство требаше да биде последно како репрезентативец, ја повредил левата потколеница на првиот официјален тренинг во унгарскиот град Дебрецен, при што му било препорачано мирување од три недели.

    Подмладениот тим на Македонија одлично ѝ парираше на фаворизираната Словенија и до самиот крај беше во конкуренција за позитивен исход, но брзата и атрактивна игра резултираше и со бројни грешки, што се покажа клучно за поразот. На голот се истакна Мартин Томовски со 14 одбрани.

    Во второто коло за два дена, Македонија ќе се сретне со Црна Гора од 18 часот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира