РАКОМЕТАРИТЕ ГО ЗАВРШИЈА МУНДИЈАЛОТ НА 27. МЕСТО, НАЈСЛАБИОТ ПЛАСМАН ДОСЕГА

    РАКОМЕТАРИТЕ ГО ЗАВРШИЈА МУНДИЈАЛОТ НА 27. МЕСТО, НАЈСЛАБИОТ ПЛАСМАН ДОСЕГАМакедонија оствари три победи и четири порази (Фото: ИХФ)

    Машката ракометна репрезентација ја победи Јужна Кореја со 36:33 и го освои 27. место на Светското првенство во Шведска и Полска. Без разлика на резултатот од овој меч, ова е најслабиот пласман на Македонија на досегашните осум учества на мундијалите.

    Во услови кога беше заокружена смената на генерациите, па репрезентацијата дојде на СП со значително подмладен состав, Македонија забележа три убедливи порази во првата фаза, а во таканаречениот Претседателски куп ги совлада Алжир и Мароко.

    Крајниот скор е три победи и четири порази. Пред две години во Египет, Македонија беше на 23. место.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира