РАКОМЕТАРИТЕ НЕРАМНОПРАВНИ СО ХРВАТСКА ЗА ПРВ ПОРАЗ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО

    РАКОМЕТАРИТЕ НЕРАМНОПРАВНИ СО ХРВАТСКА ЗА ПРВ ПОРАЗ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВОСледува дуел со европскиот првак Шпанија. - Дејан Манасков (Фото: ИХФ)

    Македонската ракометна репрезентација го запиша првиот пораз на Светското првенство во Германија и Данска, откако во рамките на третото коло убедливо загуби од Хрватска со 31:22 (16:11).

    По сигурните триумфи над аутсајдерите Јапонија и Бахреин, Хрватска се покажа како противник на кој Македонија во овој состав не може рамноправно да му парира и во текот на целиот натпревар беше во непоправлива негатива. Марин Шего беше извонреден на голот на Хрватска, која во нападот играше со многу повеќе решенија.

    Кај Македонија, Дејан Манасков беше прв стрелец со шест погодоци, еден повеќе од Кире Лазаров.

    Ракометарите утре одмораат, а в среда од 20.30 часот ги чека дуел со актуелниот европски шампион Шпанија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира