РАКОМЕТАРИТЕ ПОРАЗЕНИ ОД ФРАНЦИЈА, СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ГО ЗАВРШУВААТ СО ПЛАСМАН ОД 13. ДО 16. МЕСТО

    РАКОМЕТАРИТЕ ПОРАЗЕНИ ОД ФРАНЦИЈА, СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ГО ЗАВРШУВААТ СО ПЛАСМАН ОД 13. ДО 16. МЕСТОМакедонија се пласираше на 4. место во групата зад Франција, Унгарија и Холандија. (Фото: СДК.МК)

    Македонската ракометна репрезентација загуби од фаворитот Франција со 32-25 во Вараждин, во последното коло од главната фаза на Светското првенство кои се одржува во Хрватска, Данска и Норвешка.

    Македонија се пласираше на 4. место во групата зад Франција, Унгарија и Холандија, а зад нас се Австрија и Катар. По овој натпревар нашата репрезентација го заврши учеството на Светското првенство и на крајот на шампионатот како четвртопласирани во групата ќе биде од 13. до 16. место.

    „Ова е едно големо искуство за нас, треба да сме задоволни и да научиме доста лекции. Ова е едно големо искуство за младите играчи, носејќи се со вакви ѕвезди кои секоја година освојуваат по повеќе титули, а ние доаѓаме од една мала Македонија, од македонска Супер лига. Мора да сме задоволни, со една мала горчина дека можевме повеќе. Но, треба да верувате во тие работи, а ние не верувавме“, рече по завршување на мечот со Франција селекторот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира