РАКОМЕТАРИТЕ ПРВПАТ ГО ЗАВРШИЈА НАСТАПОТ НА ЕП БЕЗ ОСВОЕН БОД

    РАКОМЕТАРИТЕ ПРВПАТ ГО ЗАВРШИЈА НАСТАПОТ НА ЕП БЕЗ ОСВОЕН БОДМакедонија играше со значително подмладен тим на ова ЕП (Фото: ЕХФ)

    Машката ракометна репрезентација со три порази го заврши учеството на Европското првенство во Унгарија и Словачка откако изгуби и од Данска со 21:31 и првпат откако игра на големите натпреварувања се враќа дома без освоен бод.

    Дуелот со Данска беше без резултатско значење за двете селекции. Македонија веќе немаше никакви шанси за пласман во следната фаза и беше далеку од уште едно изненадување против големиот противник, како во Скопје во квалификациите.

    Ова беше селекторско деби за Кире Лазаров на големите натпреварувања и требаше да биде простување како репрезентативец, но поради повреда не можеше да настапи. Поради повредите и коронавирусот располагаше со значително подмладен тим, кој треба да биде основа на идната репрезентативна генерација.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира