РАКОТ НА ПЕЛЕ Е ВО НАПРЕДНА ФАЗА, КАЖАА ЛЕКАРИТЕ

    РАКОТ НА ПЕЛЕ Е ВО НАПРЕДНА ФАЗА, КАЖАА ЛЕКАРИТЕПеле е во болница веќе три недели (Фото: Гети)

    Ракот на Пеле е во напредна фаза, објавија од болницата во Сао Пауло, каде што се лекува 82-годишната фудбалска легенда.

    Трикратниот светски првак веќе три недели е во болница и неговата ќерка напиша на Инстаграм дека тој таму ќе го помине и Божиќ.

    „На Пеле му е неопходна зголемена грижа поради слабото функционирање на срцето и бубрезите, бидејќи ракот прогресираше“, кажаа од болницата „Алберт Ајнштајн“.

    На Пеле му беше отстранет рак на дебелото црево во септември 2021 и оттогаш беше на редовни третмани.

    „Нашиот Божиќ е откажан. Одлучивме, во договор со лекарите, дека е подобро да останеме во болницата со сета грижа што ни ја даваат тука“, кажа Кели Нашименто, ќерката на Пеле.

    На Пеле му се влоши состојбата за време на Светското првенство во Катар поради респираторна инфекција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира