РЕАЛ ГО ИЗБРКА ТРЕНЕРОТ ЛОПЕТЕГИ ПО САМО ЧЕТИРИ И ПОЛ МЕСЕЦИ

    РЕАЛ ГО ИЗБРКА ТРЕНЕРОТ ЛОПЕТЕГИ ПО САМО ЧЕТИРИ И ПОЛ МЕСЕЦИПод водство на Лопетеги, Реал го има најлошиот старт на сезоната во последните 17 години (Фото: Гети)

    Реал Мадрид го отпушти тренерот Хулен Лопетеги само ден по катастрофалниот пораз од Барселона од 1:5, по кој падна на деветтото место на табелата, што му е најлош старт на сезоната од 2001 година.

    Лопетеги доби отказ по само четири и пол месеци на функцијата, на којашто беше назначен на неколку дена пред почетокот на Светското првенство во Русија, поради што контроверзно ја загуби селекторската работа во шпанската репрезентација. Тој дојде на местото на Зинедин Зидан, кој се повлече откако ја освои Лигата на шампионите третата година по ред. Под водство на Лопетеги, Реал забележа пет порази на последните шест натпревари.

    „Постои голем несразмер помеѓу квалитетот на тимот и постигнатите резултати. Му благодариме на Лопетеги и му посакуваме многу среќа во кариерата“, соопшти Реал.

    Тој привремено ќе биде заменет со бившиот играч на Реал и тренер на Б-тимот, Сантјаго Солари. Имаше најави дека нов тренер ќе биде Антонио Конте, но тоа не беше поддржано од дел од играчите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира