РЕАЛ МАДРИД ЌЕ ГО ИМЕНУВА САНТЈАГО СОЛАРИ ЗА НОВ ТРЕНЕР

    РЕАЛ МАДРИД ЌЕ ГО ИМЕНУВА САНТЈАГО СОЛАРИ ЗА НОВ ТРЕНЕРПод водство на Солари, Реал забележа четири победи во низа (Фото: ЕПА)

    Реал Мадрид планира да го именува Сантјаго Солари за постојан тренер, откако клубот веќе го испратил неговиот договор во Шпанската фудбалска федерација.

    Аргентинецот седна на клупата на Реал на 29 октомври, набргу по отпуштањето на Хулен Лопетеги. Во прв момент тој беше поставен како привремено решение, за потоа екипата да забележи четири победи во низа, што е најдобар старт за еден тренер во клупската историја.

    Реал е принуден да му ја даде работата на Солари, кој играше за клубот од 2000 до 2005 година, бидејќи според шпанските правила, привремен тренер може да биде на функција најмногу две недели.

    Реал беше на деветтото место кога дојде Солари, а сега е шестопласиран, со четири бода помалку од лидерот Барселона. Најтрофејниот европски клуб ќе биде прв тренерски ангажман за Солари, како што беше случај и со Зинедин Зидан претходно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира