РЕАЛ И МАНЧЕСТЕР ПРИСТИГНАА ВО СКОПЈЕ

    РЕАЛ И МАНЧЕСТЕР ПРИСТИГНАА ВО СКОПЈЕЅвездата на Реал Мадрид Кристијано Роналдо на скопскиот аеродром. (Фото: Фејсбук/принтскрин)

    Реал Мадрид слета во Скопје во 13.30 часот, а Манчестер Јунајтед 40-тина минути подоцна, по што двата тима со автобуси директно од пистата се упатија кон хотелите во кои што ќе престојуваат.

    Тренерот на Јунајтед Жозе Мурињо прв ќе има прес-конференција во прес-центарот на стадионот „Филип Втори“ во 16.45 часот, а неговиот колега од Реал Зинедин Зидан ќе се сретне со новинарите во 18.45 часот.

    За двата тима, утрешниот Суперкуп на УЕФА е можност да ја почнат новата сезона со титула. Реал Мадрид победи во Суперкупот и лани, а Јунајтед единствениот триумф го има во 1992 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира