РФМ ЌЕ СУБВЕНЦИОНИРА 40% ОД ЦЕНАТА НА БИЛЕТИТЕ ЗА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО СКОПЈЕ

    РФМ ЌЕ СУБВЕНЦИОНИРА 40% ОД ЦЕНАТА НА БИЛЕТИТЕ ЗА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО СКОПЈЕМакедонските ракометарки ќе играат во групата Ц со Франција, Холандија и Романија (Фото: РФМ)

    Ракометната федерација на Македонија објави дека ќе ги субвенционира картите за претстојното Европско првенство за жени, чии натпревари ќе се играат и во Скопје. Оттаму појаснуваат дека билетите за ЕП имаат заштитена цена која е утврдена од Европската ракометна федерација, но РФМ успеал да обезбеди пониска ценовна категорија.

    „Во согласност со барањата на љубителите на ракометот за обезбедување дополнителна пониска ценовна категорија на билети, Ракометната федерација на Македонија, по добиеното одобрение од ‘европската куќа на ракометот‘, ќе субвенционира 40% од износот на билетите од категориите 2 и 3, купени во периодот од 2 до 9 ноември 2022 преку ‘Евентим‘ и ‘МК тикетс‘“, стои во соопштението на РФМ.

    Попустот ќе се пресметува од денеска, а средствата за оваа намена ќе бидат обезбедени од спонзорите на РФМ.

    Македонските ракометарки се дел од групата Ц заедно со Франција, Холандија и Романија, а своите натпревари ќе ги играат во арената „Борис Трајковски“ на 5, 7 и 9 ноември. Покрај Скопје, домаќини на ЕП ќе бидат и Подгорица, Љубљана и Целје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира