Денис Родман испрати порака од претседателот на САД Доналд Трамп до Северна Кореја – на некој начин.
Денеска, поранешниот НБА играч му даде копија на книгата на Трамп „Уметноста на договорот“ на министерот за спорт на Северна Кореја, подарок кој беше наменет за лидерот на Северна Кореа Ким Џонг Ун.
Книгата не е потпишана од Трамп, кој му беше шеф на Родман во две сезони од неговото реално шоу „Селебрити апрентис“, а поранешниот кошаркар изјави дека неговата посета не е поврзана со Белата Куќа.
Неговите претходни посети на Северна Кореја во 2013 и 2014 година привлекуваа контроверзи, Родман кажа дека неговата посета била само да се види со стари пријатели.
Тој и неговата придружба се дружеа со млади кошаркари од Северна Кореја.