РОНАЛДО ЌЕ ПРОРАБОТИ НА НАЈВАЖНИТЕ НАТПРЕВАРИ, ВЕЛИ ЗИДАН

    РОНАЛДО ЌЕ ПРОРАБОТИ НА НАЈВАЖНИТЕ НАТПРЕВАРИ, ВЕЛИ ЗИДАНРоналдо сезонава има само 8 голови во Ла Лига. - Кристијано Роналдо на Супер купот во Скопје (Фото: СДК.МК)

    Кристијано Роналдо не игра во најдобра форма последниот период, но неговиот тренер Зинедин Зидан застана во негова одбрана и потенцираше дека Португалецот има дополнителна мотивација да ги подобри своите игри во дресот на Реал Мадрид.

    „Веројатно поради тоа што не постигнува толку многу голови, Роналдо сега е помотивиран од било кого во нашиот тим и сака да покаже на што е способен. Тој секогаш се докажувал на големите натпревари“, изјави Зидан кој очекува мотивираниот Португалец да блесне во финишот на сезоната.

    Роналдо сезонава постигна 20 голови во сите натпреварувања и само 8 во шпанското првенство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира