РОНАЛДО НАЈДОБАР ФУДБАЛЕР, ЗИДАН ТРЕНЕР, ФИФА ГИ ПОДЕЛИ НАГРАДИТЕ ЗА 2017

    РОНАЛДО НАЈДОБАР ФУДБАЛЕР, ЗИДАН ТРЕНЕР, ФИФА ГИ ПОДЕЛИ НАГРАДИТЕ ЗА 2017Зинедин Зидан, како тренер на Реал Мадрид ја доби наградата на ФИФА најдобар машки тренер, а Кристијано Роналдо од истиот клуб наградата најдобар фудбалер. (Фото: Гети)

    Кристијано Роналдо е прогласен за најдобар фудбалер во светот за 2017 година во изборот на ФИФА.

    На церемонијата во Лондон, напаѓачот на Реал Мадрид и на Португалија ги победи Лионе Меси од Барселона и Нејмар од Пари Сен Жермен. Роналдо, кој има 32 години, му помогна на Реал да ги освои титулите во Лигата на шампионите и во Ла Лига во сезоната 2016/17.

    Холанѓанката Лике Мартенс од Барселона ја доби наградата за најдобра фудбалерка. Зинедин Зидан од Реал Мадрид ја доби наградата за најдобар тренер, а Холанѓанката Сарина Вигман за најдобар женски тренер.

    Оливје Жиру од Арсенал ја доби наградата „Ференц Пушкаш“ за најдобар гол во 2017 година, за неговиот „удар како шкорпија“ против Кристал Палас во јануари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира