РОНАЛДО НЕ Е ПОВИКАН ДА ИГРА ЗА ПОРТУГАЛИЈА СРЕДЕ ОБВИНУВАЊАТА ЗА СИЛУВАЊЕ

    РОНАЛДО НЕ Е ПОВИКАН ДА ИГРА ЗА ПОРТУГАЛИЈА СРЕДЕ ОБВИНУВАЊАТА ЗА СИЛУВАЊЕРоналдо издаде соопштение во кое ги отфрли обвинувањата, што датираат од 2009 (Фото: Гети)

    Кристијано Роналдо не е повикан во репрезентацијата на Португалија за претстојните пријателски средби со Полска и Шкотска и селекторот Фернандо Сантош не даде објаснување за тоа.

    Ова доаѓа неколку дена откако против еден од најдобрите светски фудбалери беше покрената тужба за силување, за случај од Лас Вегас од 2009 година, за што го обвинува Кетрин Мајорга.

    Роналдо вчера издаде соопштение, во кое ги отфрли обвинувањата.

    Ги негирам сите обвинувања кои се појавија против мене. Силување е ужасно злосторство, спротивно на сѐ она во што јас верувам. Мојата совест е чиста“, изјави Роналдо.

    Полицијата на Лас Вегас повторно го отвори случајот на барање на Мајорга, која вели дека претрпела психолошка штета од нападот.

    Во иднина, ништо нема да го спречи Роналдо да настапува за Португалија“, кажа селекторот Сантош, а поддршка на Роналдо му даде и претседателот на Португалската фудбалска федерација, Фернандо Гомеш.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира