РОНАЛДО СРЕДЕ МЕЧ СО МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН ПРОВЕРУВАШЕ КАКО МУ ИЗГЛЕДА ПОВРЕДЕНОТО ЛИЦЕ

    РОНАЛДО СРЕДЕ МЕЧ СО МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН ПРОВЕРУВАШЕ КАКО МУ ИЗГЛЕДА ПОВРЕДЕНОТО ЛИЦЕНапуштајќи го теренот, Кристијано Роналдо побара мобилен телефон од еден од лекарите на Реал (Фото: ЕПА)

    Кристијано Роналдо ја крена опсесијата со својот изглед на повисоко ниво, откако го разгледуваше своето раскрвавено лице на мобилен телефон, додека лекарите на Реал Мадрид го изведуваа од теренот на средбата со Ла Коруња.

    Португалецот постигна два гола во високата победа од 7:1, но плати скапа цена на својот втор погодок во 84. минута, кога противничкиот дефанзивец Фабијан Шар го удри во лицето.

    Роналдо остана повреден покрај теренот, барајќи медицинска помош и откако тимските лекари заклучија дека не е способен да продолжи да игра, неговата главна преокупација беше како му изгледа лицето.

    Додека излегуваше од теренот, тој побара мобилен телефон од еден од лекарите и потоа беше снимен како со помош на екранот си го испитува лицето.

    „Луѓе ми завидуваат, бидејќи сум богат, згоден и добар играч“, гласи една од попознатите изјави на Роналдо.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира