САД, КАНАДА И МЕКСИКО ЌЕ БИДАТ ДОМАЌИНИ НА ФУДБАЛСКИОТ МУНДИЈАЛ ВО 2026

    САД, КАНАДА И МЕКСИКО ЌЕ БИДАТ ДОМАЌИНИ НА ФУДБАЛСКИОТ МУНДИЈАЛ ВО 2026Ова ќе биде прв мундијал на кој ќе учествуваат 48 селекции (Фото: Твитер)

    САД, Канада и Мексико го добија правото заеднички да го организираат Светското фудбалско првенство во 2026 година, победувајќи го единствениот противкандидат Мароко на гласањето во Москва.

    Ова ќе биде првпат во историјата три земји да бидат домаќини на еден мундијал, на кој, исто така, ќе дебитира формат со 48 учесници. Од 80 натпревари, 60 ќе се играат во САД, а по десет во Канада и Мексико. Финалето ќе се игра во Њу Џерси.

    Кампањата на трите држави „Јунајтед 2026“ освои 134 гласови, додека за Мароко гласаа 65 членки на ФИФА.

    Мексико по третпат ќе биде домаќин на СП, по 1970 и 1986 година, додека САД го организираа во 1994 година.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари