САЛАХ МОЖЕ ДА ГО ПРОПУШТИ СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ПО ПОВРЕДАТА ВО ФИНАЛЕТО ВО КИЕВ

    САЛАХ МОЖЕ ДА ГО ПРОПУШТИ СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ПО ПОВРЕДАТА ВО ФИНАЛЕТО ВО КИЕВТренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, потврди дека Салах има изместено рамо

    Еден од најдобрите светски фудбалери Мохамед Салах можеби ќе го пропушти Светското првенство во Русија, откако тешко го повреди рамото во финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

    Египќанецот во солзи го напушти теренот во 31. минута по еден дуел со Серхио Рамос и според првите информации, тој има изместено рамо.

    Ваквите стравувања ги изрази и тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

    „Да, можно е, неверојатно! Во прашање е рамото и многу е сериозно. Не сме се виделе по натпреварот, затоа што отиде на снимања, но не изгледа добро“, кажа Клоп по поразот од 1:3.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира