САМСОНЕНКО МЕ ИЗВЕСТИ ДЕКА СЕ ОТКАЖУВА ОД ФК ВАРДАР, ВЕЛИ ШИЛЕГОВ

    САМСОНЕНКО МЕ ИЗВЕСТИ ДЕКА СЕ ОТКАЖУВА ОД ФК ВАРДАР, ВЕЛИ ШИЛЕГОВПред три недели градоначалникот Шилегов бил на тренинг на ФК Вардар и од сегашното раководство побарал целосен извештај за состојбата во која се наоѓа клубот. - Петре Шилегов; Сергеј Самсоненко (Фото: ФК Вардар/СДК.МК)

    Сергеј Самсоненко му кажал на градоначалникот Петре Шилегов дека тој како газда ќе се откаже од фудбалскиот клуб „Вардар“ и со тоа тој повторно би требало да се врати во сопственост на Град Скопје.

    Градоначалникот Шилегов вели дека сега за сега најавено му е од рускиот бизнисмен дека ќе се откаже од клубот, но дали од наредната година ќе го финансира Град Скопје или ќе го преземе друг спонзор, сè уште не е договорено.

    „Фудбалскиот клуб ‘Вардар‘ е сопственост на Град Скопје со 51 отсто. Известен сум од луѓето на кои Градот таа сопственост им ја отстапил да ја користат, дека веројатно во идниот период ќе се откажат од таа работа. Официјално кога ќе седнеме да разговараме, јавноста ќе биде известена“, рече Шилегов.

    Пред три недели градоначалникот Шилегов бил на тренинг на ФК Вардар и од сегашното раководство побарал целосен извештај за состојбата во која се наоѓа клубот.

    Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко ги купи акциите во ФК Вардар на Град Скопје (51 отсто) и АД за стопанисување со станбен и деловен простор (49%) во јануари 2014 година. Според договорот, тој требаше да инвестира по минимум еден милион евра годишно во фудбалскиот клуб. Град Скопје го презеде ФК Вардар во 2011 година, откако претходно си замина бизнисменот Трифун Костовски и клубот западна во тешка криза, па дури и испадна од Првата фудбалска лига, но се спаси преку фузија со Миравци.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира