СЕ САМОУБИ СРПСКИОТ РАКОМЕТЕН РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ НОВАК БОШКОВИЌ

    СЕ САМОУБИ СРПСКИОТ РАКОМЕТЕН РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ НОВАК БОШКОВИЌНовак Бошковиќ играше за Србија на Европското првенство во Полска во 2016

    Ракометниот репрезентативец на Србија Новак Бошковиќ извршил самоубиство утрово во својот дом во Црвенка. Како што јавуваат српските медиуми, 29-годишниот Бошковиќ си пукал со пиштол во главата, во моментите кога во станот била и неговата сопруга. Полицијата не соопшти кој е мотивот на самоубиството.

    Бошковиќ настапуваше на позицијата десен бек и ги бранеше боите на Србија на Европското првенство во Полска во 2016 година.

    Тој со години играше во Израел за Макаби Тел Авив, како и за Цимос Копер (Словенија), Татабања (Унгарија) и за Динамо Букурешт (Романија).

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари