СЕРЕНА ВИЛИЈАМС СЕ ПРОСТИ ОД ЈУ-ЕС ОПЕН И МОЖЕБИ ГО ОДИГРА ПОСЛЕДНИОТ МЕЧ ВО КАРИЕРАТА

    СЕРЕНА ВИЛИЈАМС СЕ ПРОСТИ ОД ЈУ-ЕС ОПЕН И МОЖЕБИ ГО ОДИГРА ПОСЛЕДНИОТ МЕЧ ВО КАРИЕРАТАВилијамс останува на 23 освоени гренд слем титули (Фото: АП)

    Серена Вилијамс се прости од публиката на Отвореното првенство на САД откако изгуби од Ајла Томљановиќ во третото коло, што веројатно беше нејзиниот последен меч во богатата 27-годишна кариера.

    Вилијамс, која ќе наполни 41 година, останува на 23 освоени гренд слем титули, една помалку од рекордерката Маргарет Корт, но и покрај тоа, многумина ја сметаат за најдобрата тенисерка на сите времиња.

    Сите 24.000 гледачи на стадионот „Артур Еш“ станаа од своите столчиња за да ѝ оддадат почит на Вилијамс, која дојде на турнирот со само една победа во изминатите 15 месеци, поради што падна на 605. место на ВТА-листата. Запрашана дали ќе се премисли околу пензионирањето по овој турнир, Вилијамс одговори:

    Мислам дека не, но никогаш не се знае. Им благодарам на сите кои се тука, на сите кои ме поддржуваа сите овие години и децении. Но, сè почнува со моите родители. Тие заслужуваат сè. Исто така, не би била тука без мојата сестра Венус. Таа е единствената причина што Серена Вилијамс постоела“.

    Вилијамс освои вкупно 73 титули во кариерата, од кои седум на Отвореното првенство на Австралија, три на Ролан Гарос, седум на Вимблдон и шест на Ју-Ес опен. На врвот на ВТА-листата помина вкупно 319 недели.

    Мислам дека сум способна да играм уште, но има многу повеќе од тоа. Подготвена сум да бидам мајка и да истражувам различна верзија на Серена“, додаде таа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира