СЕРХИО АГУЕРО СРЕДЕ НАТПРЕВАР ПРЕФРЛЕН ВО БОЛНИЦА НА ИСПИТУВАЊА НА СРЦЕТО

    СЕРХИО АГУЕРО СРЕДЕ НАТПРЕВАР ПРЕФРЛЕН ВО БОЛНИЦА НА ИСПИТУВАЊА НА СРЦЕТОАгуеро легна на тревникот кон крајот на првото полувреме, држејќи се за градите (Фото: Гети)

    Напаѓачот на Барселона, Серхио Агуеро, заврши во болница заради тестирања откако, како што соопшти клубот, почувствувал непријатност во градите за време на синоќешниот натпревар со Алавес. Аргентинецот легна на тревникот кон крајот на првото полувреме, држејќи се за градите, по што неколку минути му се укажуваше лекарска помош.

    Барселона објави дека 33-годишниот Агуеро бил префрлен во болница за да му се направат кардиолошки тестови.

    „Ми кажа дека малку му се врти. Агуеро е префрлен во болница, но повеќе од тоа не знам“, изјави привремениот тренер на Барселона, Серхи Бархуан.

    Агуеро првпат се најде во почетниот тим на Барселона откако летоска ѝ се придружи од Манчестер сити. Тој потпиша двегодишен договор, но досега не играше многу поради повреда,

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира