СЕВЕРНА КОРЕЈА ЌЕ НАСТАПИ НА ЗИМСКАТА ОЛИМПИЈАДА

    СЕВЕРНА КОРЕЈА ЌЕ НАСТАПИ НА ЗИМСКАТА ОЛИМПИЈАДАДвете Кореи го одржаа првиот состанок на високо ниво по повеќе од две години (Фото: ЕПА)

    Северна Кореја ќе испрати свои спортисти на претстојните Зимски олимписки игри во Пјонгчанг, соопштија официјални лица на Јужна Кореја.

    Историската изјава уследи откако двете земји одржаа прва средба на високо ниво по повеќе од две години. Делегацијата на Северна Кореја ќе вклучува спортисти, официјални лица и навивачи.

    Исто така, утре повторно ќе биде отворена итната воена телефонска линија меѓу двете Кореи, што беше во прекин речиси две години.

    Преговорите се одржаа во „мировното село“ Панмунџон во демилитаризираната зона покрај границата, при што двете страни беа претставени со по пет официјални лица. Лидерите на двете земји го следеле состанокот преку видеоврска.

    Со цел да се овозможи настапот на Северна Кореја на Олимпијадата, Јужна Кореја ќе ја разгледа можноста за привремено укинување на санкциите кон својот сосед. Сеул, исто така, предложил да продолжат преговорите за нуклеарната програма на Пјонгјанг и олимпијците од двете земји заедно да маршираат на церемонијата на отворањето, како што беше на Зимската олимпијада во 2006 година.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари