ШКЕНДИЈА НЕ УСПЕА ДА СЕ ПЛАСИРА ВО ЛИГА ЕВРОПА ПО УБЕДЛИВИОТ ПОРАЗ ОД ГЕНТ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ШКЕНДИЈА НЕ УСПЕА ДА СЕ ПЛАСИРА ВО ЛИГА ЕВРОПА ПО УБЕДЛИВИОТ ПОРАЗ ОД ГЕНТ

    Шкендија не успеа да се квалификува во фазата на групи на Лига Европа по поразот од Гент во вечерашниот реванш од плејофот на „Филип Втори“ со 4:0. Тетовскиот фудбалски тим имаше активен резултат од првиот меч во Белгија, каде загуби со 2:1, но на крајот беше елиминиран со вкупен резултат од 6:1 од ланскиот учесник во Лигата на шампиони.

    Сите голови на „Филип Втори“ паднаа во второто полувреме. - Ферхан Хасани (Фото: Ѓ. Личовски за СДК.МК)

    Тетовските фудбалери попуштија во второто полувреме. – Ферхан Хасани (Фото: Ѓ. Личовски за СДК.МК)

    Сите четири гола на натпреварот во Скопје паднаа во второто полувреме. Кулибали беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Пербет и Нето, сите во рок од само 25 минути.
    „Имавме одлични настапи летово во Европа и сум горд на играчите за прикажаното. Гостите беа поодморени, бидејќи одиграа помалку натпревари, но им честитам на заслужената победа“, кажа тренерот Шкендија Бруно Акраповиќ по натпреварот.

    Гент играше во нокаут-фазата на Лигата на шампиони минатата сезона (Фото: Ѓ. Личовски за СДК.МК)

    Гент играше во нокаут-фазата на Лигата на шампиони минатата сезона (Фото: Ѓ. Личовски за СДК.МК)

    Сепак, настапот на Шкендија во Европа летово може да се оцени како успешен, бидејќи на патот до плејофот ги елиминираше Млада Болеслав од Чешка, Нефтчи од Азербејџан и Краковија од Полска.
    Ниту еден македонски тим не успеал да се пласира во групната фаза во европските купови.

    Г. МИХАЈЛОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира