ШПАНИЈА ГО ОТПУШТИ СЕЛЕКТОРОТ ЛОПЕТЕГИ ДЕН ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА МУНДИЈАЛОТ

    ШПАНИЈА ГО ОТПУШТИ СЕЛЕКТОРОТ ЛОПЕТЕГИ ДЕН ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА МУНДИЈАЛОТДоби отказ само ден откако беше назначен за тренер на Реал Мадрид. -Хулен Лопетеги (Фото: ЕПА)

    Шпанската фудбалска репрезентација остана без селектор на ден пред почетокот на Светското првенство во Русија, откако Хулен Лопетеги доби отказ. Шпанија на ова првенство ќе ја води Фернандо Јеро.

    Ова уследи неполни 24 часа откако Реал Мадрид објави дека Лопетеги ќе биде негов нов тренер, потпишувајќи тригодишен договор.

    Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) соопшти дека 51-годишниот Лопетеги е отпуштен бидејќи преговарал со Реал без нејзино знаење.

    „Знам дека ова е тешка ситуација и дека ќе бидеме критикувани. Ние многу го почитуваме Хулен, но не смееше така да го направи тоа на два-три дена пред почетокот на Светското првенство“, изјави претседателот на РФЕФ, Луис Рубијалес.

    Светското првенство почнува утре, а Шпанија веќе в петок го игра својот прв натпревар против Португалија.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари