ШПАНСКАТА ПОЛИЦИЈА ГО ИСТРАЖУВА РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦОТ ЕНИС БАРДИ ЗА ФАЛСИФИКУВАНА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА, ТОЈ ВЕЛИ ДЕКА МУ Е РЕГУЛАРНО ИЗДАДЕНА ОД МВР

    ШПАНСКАТА ПОЛИЦИЈА ГО ИСТРАЖУВА РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦОТ ЕНИС БАРДИ ЗА ФАЛСИФИКУВАНА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА, ТОЈ ВЕЛИ ДЕКА МУ Е РЕГУЛАРНО ИЗДАДЕНА ОД МВРБарди денеска се огласи на Твитер и вели дека возачката дозвола која им ја покажал на шпанските полицајци вчера е валидна и издадена од службите во Македонија. (Фото: Твитер)

    Полицијата во Валенсија го истражува македонскиот фудбалер Енис Барди за фалсификувана возачка дозвола. 25-годишниот играч на шпанскиот тим Леванте бил запрен при рутинска контрола, возејќи Порше панамера во понеделникот и полицајците, според шпанските медиуми, се посомневале во валидноста на неговата возачка дозвола, бидејќи била со слаб квалитет, а под ултравиолетово светло се покажало дека недостасуваат сигурносните обележја.

    Возачката дозвола му била запленета на македонскиот репрезентативец и тој сега се соочува со истрага за возење со фалсификувана дозвола.

    Барди денеска се огласи на Твитер и вели дека возачката дозвола која им ја покажал на полицајците вчера е валидна и издадена од службите во Македонија. Тој додава дека утрово ја проследил целосната документација во локалната полиција за возачката дозвола, издадена од страна на македонското Министерство на внатрешни работи, со цел, како што вели, со документацијата да се разјасни конфузната ситуација која настана.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира