ШТИПСКИТЕ БРАЌА ИВАНОВСКИ ДОМИНИРАА НА ЕДРИЛИЧАРСКИОТ КУП ВО КУМАНОВО

    ШТИПСКИТЕ БРАЌА ИВАНОВСКИ ДОМИНИРАА НА ЕДРИЛИЧАРСКИОТ КУП ВО КУМАНОВОБраќата Никола и Марјан Ивановски со освоените пехари (Фото: СДК.МК)

    Браќата Марјан и Никола Ивановски од Штип беа најуспешни на Едриличарскиот куп во прецизно слетување во Куманово, освојувајќи ги првото и третото место во поединечна конкуренција, а први беа во екипен пласман.

    „Овој резултат се должи на честите подготовки што ги имавме на спортскиот аеродром ‘Сушево‘ кај Штип. Голем ентузијазам постои кај нас младите едриличари, иако сите спортски аероклубови се соочуваат со неадекватни услови за работа. Се надеваме дека Воздухопловната федерација ќе успее да ги надмине проблемите. Штета што поради пандемијата на ковид-19 годинава не можеа да учествуваат дваесетина едриличари од странство“, вели македонскиот првак Марјан Ивановски.

    Второто место го освои Мартин Јовановски од Прилеп, чија екипа го доби сребрениот пехар.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира