СИНИША МИХАЈЛОВИЌ СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ФУДБАЛОТ БИДЕЈЌИ ИМА ЛЕУКЕМИЈА

    СИНИША МИХАЈЛОВИЌ СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ФУДБАЛОТ БИДЕЈЌИ ИМА ЛЕУКЕМИЈАМихајловиќ и во новата сезона требаше да биде тренер на Болоња

    Српската фудбалска легенда Синиша Михајловиќ објави дека ја прекинува тренерската кариера бидејќи боледува од леукемија.

    Весникот „Кориере дела сера“ прв утрово објави дека 50-годишниот тренер на Болоња има сериозни здравствени проблеми, што тој го потврди на прес-конференција.

    „Не ми е страв, ќе го победам и овој предизвик, без сомнение“, изјави Михајловиќ.

    Михајловиќ, кој 14 години играше во Серија А и потоа како тренер водеше неколку клубови, изјави дека веднаш заминува на лекување.

    „Тестовите покажаа аномалии што ги немаше пред четири месеци. Не сакав да има шпекулации и решив јавно да ја кажам вистината. Да, имам леукемија, но ќе се соочам со тоа со крената глава и веднаш ја почнувам борбата за заздравување“, рече Михајловиќ.

    Тој минатата сезона ја спаси Болоња од испаѓање од Серија А и неодамна го продолжи договорот. Од клубот му дадоа поддршка на Михајловиќ и кажаа дека тој официјално останува тренер.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари