СО РОНАЛДО НА КЛУПАТА, МЛАДИОТ ГОНСАЛО РАМОС ЈА ИСКОРИСТИ ШАНСАТА ДА БЛЕСНЕ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО

    СО РОНАЛДО НА КЛУПАТА, МЛАДИОТ ГОНСАЛО РАМОС ЈА ИСКОРИСТИ ШАНСАТА ДА БЛЕСНЕ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВОДо мечот со Швајцарија, Рамос имаше собрано само 33 минути игра во репрезентацијата (Фото: АП)

    Пред почетокот на мечот Португалија-Швајцарија сите зборуваа за тоа што Кристијано Роналдо ќе седи на клупата. Потоа, сè се вртеше околу Гонсало Рамос.

    Камерите и фоторепортерите ја окупираа клупата на португалската репрезентација откако селекторот Фернандо Сантос повлече храбар потег и го остави Роналдо меѓу резервите, казнувајќи го за неговата реакција при промената на претходниот меч на СП во Катар. Тоа беше првпат од 2008 година Роналдо да не е меѓу почетните 11-мина на Португалија на едно големо натпреварување.

    Но, вниманието многу брзо се насочи кон неговата замена Рамос, кој ја искористи својата шанса и блесна со три гола во победата од 6:1. Со 21 година и 169 дена, тој стана најмладиот играч од Унгарецот Флоријан Алберт во 1962 кој постигнал хет-трик на светските првенства.

    И додека Роналдо сè уште нема дадено гол во нокаут-фазата на мундијалите, Рамос ги има веќе три. Производ на младинската школа на Бенфика, тој до мечот со Швајцарија имаше собрано само 33 минути игра во репрезентацијата, вклучувајќи две против Гана и осум против Уругвај на ова СП.

    Со 14 гола и шест асистенции на 21 меч за Бенфика оваа сезона, Рамос не е играч на кој му недостига самодоверба. Имајќи го предвид неговиот учинок против Швајцарија, нема гаранции дека Роналдо ќе си го врати местото во почетниот тим за саботниот четвртфинален дуел со Мароко.

    Ќе се придржувам до она што верувам дека е вистинската стратегија, како што сум правел цел живот“, кажа селекторот Сантос.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира