Оле Гунар Солшер е именуван за постојан тренер на Манчестер јунајтед, откако потпиша тригодишен договор.
Норвежанецот дојде како замена за Жозе Мурињо во декември и првично беше планирано само да ја доработи сезоната, но тој за кратко време успеа да ја стабилизира екипата и значително да ги подобри резултатите. Манчестер се приклучи кон водечките екипи во Премиерлигата и со голем пресврт успеа да го елиминира ПСЖ во осминафиналето на Лигата на шампионите.
„Од првиот ден кога дојдов, се почувствував како дома во овој посебен клуб. Беше чест да се биде играч на Манчестер јунајтед и потоа и да ја почнам мојата тренерска кариера тука. Изминатите неколку месеци беа фантастично искуство и пресреќен сум што ми е дадена шанса да го водам клубот на долги патеки“, изјави Солшер.