СУДИЈАТА ОЛИВЕР ИМА КОРПА ЗА ЃУБРЕ МЕСТО СРЦЕ, КАЖА БУФОН ЗА СПОРНИОТ ПЕНАЛ ЗА РЕАЛ МАДРИД

    СУДИЈАТА ОЛИВЕР ИМА КОРПА ЗА ЃУБРЕ МЕСТО СРЦЕ, КАЖА БУФОН ЗА СПОРНИОТ ПЕНАЛ ЗА РЕАЛ МАДРИДЈувентус беше на прагот сензационално да се избори за продолженија во Мадрид, кога Оливер досуди пенал (Фото: АФП)

    Дефанзивецот на Јувентус, Џорџо Кјелини, смета дека неговиот клуб не треба да биде изненаден од пеналот што беше досуден за Реал Мадрид во судиското продолжение од нивниот четврт-финален реванш во Лигата на шампионите, бидејќи истото лани му се случи и на Баерн.

    Со водството од 3:0, Јувентус беше на прагот сензационално да се избори за продолженија во Мадрид, кога судијата Мајкл Оливер го окарактеризира стартот на Бенатија над Васкес како прекршок за најстрога казна. Пеналот на крајот мораше да го брани Шчесни, откако Оливер му додели црвен картон на Буфон поради неговата жестока реакција.

    Секогаш одмерен и коректен, фудбалскиот свет никогаш досега не видел ваква реакција од Буфон и дури и тренерот на Реал, Зинедин Зидан, кажа дека тој не го заслужил ова.

    „Бев многу блиску, исто како и судијата Оливер. За да досудиш ваков пенал во 93. минута, треба да си животно, а не човек. Тој место срце има корпа за ѓубре. Тој треба да седи на трибини со пријатели и родители, со кока-кола и чипс во рацете“, изјави легендарниот голман.

    Ова беше прв голем меѓународен натпревар за 33-годишниот англиски судија.

    „Не треба да бидеме изненадени. Баерн помина низ ова минатата сезона, сега беше ред на Јуве. Никој не веруваше дека можеме да направиме пресврт, никој, освен нас самите“, кажа Кјелини.

    По ваква елиминација, и претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, повика на воведување на видео-технологија во фудбалот, но Кјелини смета дека ова нема врска со тоа.

    „Судијата е тој на кој му требаат совест и храброст. Судијата мора да се труди да не биде толку видлив и да носи само чисти одлуки. Во прв момент си велиш дека немало пенал, но од снимка гледаш колку е смешно“, додаде Кјелини.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира